Грчки тајни служби спречија атентат врз Заев по потпишувањето на Преспанскиот договор, тврди поранешен службеник во грчкото МНР

Написот објавен на грчкиот портал/Фото: Screenshot/https://www.vradini.gr/

Грчките тајни служби и грчката влада спречија обид за атентат врз лидерот на Северна Македонија, Зоран Заев, неколку месеци по потпишувањето на Договорот од Преспа во летото 2018 година, и пред скопскиот парламент да изгласа промена на Уставот со 80 гласови, објави денеска грчкиот портал Врадини.

Порталот цитира извор од тогашното Министерство за надворешни работи, кој дал изјава за емисијата „Недела навечер“ и кој во тоа време бил и „неформална врска со тајните служби на грчкото Министерството за одбрана, кое исто така играло значајна улога во целиот случај“.

Изворот тврди дека „по ратификацијата на Договорот од Преспа од Собранието на Скопје со 69 гласови на 20 јуни (Договорот беше потпишан на 12 јуни во селото Псарадес од Лерин во Преспа), политичката тензија го достигна врвот во соседната земја“ и додава дека во тоа време „опозициската ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Мицкоски (кој го сменил Груевски, но тогаш се сметал за негов потчинет), ја поларизирал климата до опасен степен, во земја каде обидите за атентат не се непознати“.

Според изворот моќни организации на „скопјани“ од Австралија и Канада го изразуваат својот гнев, и тврди дека финансиски ги помагале реакциите во Скопје со намера да бидат „канализирани за обезбедување на гласови“.

Понатаму, грчките тајни служби го информирале тогашниот премиер Алексис Ципрас дека во Скопје има интензивна мобилност, против Заев, а грчката влада за случајот се брифирале и со американските служби, кои исто така знаеле за реакциите, но не и за евентуалните последици.

Според изворот на кој се повикува овој грчки медиум, американските служби сметаат дека „силите што имаат интерес да не го потпишат Договорот ќе настојуваат да ја спречат промена на Уставот (на тогашна Македонија) од страна на Парламентот“. Набргу потоа следува протерување на руски дипломати од Атина, се додава во таа информација.

Според натамошниот тек на настаните, „Американците ги пресретнуваат разговорите на раководителите што се движеле во средината на Груевски во Унгарија, што ја документира мобилноста околу обидот да се спречи промената на Уставот, додека се потврдуваат и контактите со извршните директори кои се движат во организации на Австралија и Канада“.

„Обидот, наводно, бил финансиран од некои странски организации и бил планиран од разузнавачки службеници од трети земји, кои се појавуваат во Скопје, или како трговски агенти или како … директори на медиуми“, тврди порталот, повикувајќи се на изворот.

Во исто време, грчките разузнавачки служби го информираат Министерството за надворешни работи дека „претстои агресивна акција против Зоран Заев“, без никакви документирани докази што би довеле до нешто поконкретно.

Тогашниот премиер му наложува на Министерството за надворешни работи да ги извести надлежните органи на соседната земја, а првиот е информиран тогашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, а, преку други „канали“, Зоран Заев исто така информиран во детали.

Епилогот, според проталот е дека „Американците преземаат дискретна заштита на скопскиот премиер, и испраќаат пораки до странските амбасади и ВМРО-ДПМНЕ дека „знаат“. Во тие месеци, Зоран Заев имал заштита еднаква на заштитата на американскиот претседател, нешто што беше очигледно дури и за игнорантите, и што ја обесхрабри секоја мисла за агресивна акција, наведува медиумот.

Изворот, кој ја пренесе информацијата во „Недела навечер“, е дека од моментот кога е изгласана промената на Уставот, имало тајна консултација меѓу САД, прогонетиот и обвинет Груевски и амбасадата на силна земја, каде беше јасно посочено дека ги сметаат за одговорни, за секоја „несреќа“ на Заев. Но, и денес, заштитата на Зоран Заев е показател за стравот од скопскиот водач, кој се сеќава на судбината на Глигоров, кој чудесно преживеа атентат во 1995 година.…“, тврди порталот.

Заев не коментира за објавите

За овие наводи во грчките медиуми, побаравме коментар лично од премиерот, дали имал информации за подготвување атентат кратко време по потпишувањето на Преспанскиот договор.

-Нема да коментирам такви информации или наводи. Кога и да имало предизвици во таа сфера, безбедносните служби крајно професионално и успешно ја завршувале својата работа. Немам дополнителен коментар, вели премиерот Зоран Заев за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот