Грчки полицаец си го заборавил службениот пиштол во кафуле

Грчки полицаец во атинско кафуле си ја заборавил чантата во која се наоѓал службениот пиштол, па сопственикот на кафулето преку бројот за итни случаи на полицијата го пријавил случајот и побарал да го најдат полицаецот, објави „То вима”.

Според нивните информации, полицаецот не само што го заборавил службеното оружје во кафулето во центарот на Атина, туку не се вратил ниту да го побара.

– Ве молам, ќе можете да го најдете и да го известите полицаецот што си ја заборави овде чантата со службениот пиштол, да дојде да ја земе? – рекол сопственикот на кафулето во телефонскиот повик до полицијата, пишува „То вима”.

Весникот пишува дека ова е само уште еден од неколкуте случаи на изгубени или украдени службени пиштоли на полицајци во изминатиот период. Досега биле регистрирани три случаи на кражба на полициско оружје во три полициски станици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот