Грчки нуркачи открија остатоци од италијанска подморница од Втората светска војна

Остатоци на италијанска морнарица од Втора светска војна пронајдени во Грција/ Фото: Kostas Thoctarides/Handout via Reuters

Грчки нуркачи открија остатоци од италијанска подморница, 80 години откако таа била потоната од страна на сојузничките сили во Егејското Море за време на Втората светска војна, јави Катимерини.

Бродот „Јантина“, кој отпловил од грчкиот остров Лерос со 48 морнари на него, потонал на 5 јули 1941 година, откако бил погоден од торпеда испукани од британската подморница ХМС Торбеј, потсетува Ројтерс.

Таа беше откриена минатиот месец од Костас Токтаридес, еден од најпознатите грчки нуркачи, и неговиот тим, јужно од островот Миконос на длабочина од 103 метри со помош на далечински управувано подводно возило, ROV Super Achilles, кое изврши детална визуелна проверка на урнатините.

„Историјата на морнарицата е како загатка и ова е дел од таа загатка“, изјави за Ројтерс Токтаридес, поморски експерт. „Конфронтацијата на две подморници е редок поморски настан“.

Идентитетот на Јантина беше потврден со помош на записите од италијанската поморска канцеларија за историја, рече Токтаридес.

Таа е четвртата подморница лоцирана и идентификувана од Токтаридес.

Видео на денот