Грчки медиуми пренесуваат дека министерката за труд на Северна Македонија не ја трга таблата со старото име

Медиумите, паралелно, ја пренесуваат и веста за ратификацијата во македонското Собрание на протоколот за членство во НАТО, текст исто така објавен и преземен од државната новинска агенција АНА-МПА.

Ставот на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи дека ќе продолжи да ја користи таблата со старото име, го објавуваат медиуми во Грција, пренесувајќи го текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

„Северна Македонија: Продолжува да провоцира министерката за труд”; „Скопје: Министерката за труд не ја симна таблата со името „Република Македонија”; „Министерка на Северна Македонија инсистира на старата табла”; „Министерката од ВМРО одново се појави пред контроверзната табла Република Македонија”;  „Северна Македонија: Министерката за труд не ја трга таблата со старото име на земјата”, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми.

-Министерката за труд и социјална политика од техничката влада на Северна Македонија, Рашела Мизрахи, на прес-конференција за темите од нејзиното министерство, повторно се појави пред „контроверзната” табла на која е напишано претходното име на земјата (Република Македонија). Мизрахи која доаѓа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, прашана за конкретното, изјави дека таблата ја наследи кога ја презеде министерската функција на почетокот на јануари и нема намера да ја смени, пишува грчката новинска агенција во текстот под наслов „Северна Македонија: министерката за труд ја користи таблата со старото име на земјата” што го презедоа останатите онлајн изданија на медиумите во Грција.

Прочитајте и...  Позната болница на Менхетен моли за донации, оброци, опрема

Медиумите, паралелно, ја пренесуваат и веста за ратификацијата во македонското Собрание на протоколот за членство во НАТО, текст исто така објавен и преземен од државната новинска агенција АНА-МПА.

Во текстот, објаснето е дека останува уште Шпанија да го ратификува протоколот за членство на нашата земја во НАТО, веројатно во текот на март, но дека тогаш „ќе се распушти Парламентот на Северна Македонија за да се одржат предвремени парламентарни избори на 12 април”, а пренесен е и дел од говорот на претседателот Стево Пендаровски.

Прочитај повеќе

Спасени 15 мигранти кои се обиделе да преминат од Франција во Велика Британија

Слободен печат

Епидемиологот Пашагиќ почина од последиците на коронавирусот

Слободен печат

Филипче: Ова се моите колеги кои неуморно работат на пунктовите за тестирање

Слободен печат

Премиерот Џонсон префрлен во болница

Слободен печат

Полицискиот час ги опустоши парковите, се шетаат само кучиња (ФОТО)

Ирскиот премиер ќе работи една смена како лекар додека трае епидемијата

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Заразените од коронавирус во Кипар ќе се следат преку мобилна апликација

Слободен печат

Пазарите за диви животни во Кина повторно се отвораат, расизмот кон азиската популација во САД расте (ВИДЕО)

Слободен печат

Кралицата Елизабета се обрати до нацијата: Ќе успееме во борбата против коронавирусот (ВИДЕО)

Слободен печат

Скопје како во филмот „Јас сум легенда“, само без зомби (ФОТО+ВИДЕО)

Љубиша Николовски

Баша: Нискиот број на тестови во Албанија ја прикрива вистината и чини животи!

Слободен печат

Француски план предвидува 300 милијарди евра на кредити за поддршка при економската криза

Слободен печат