Грчки медиуми: Мицкоски на НАТО-самитот државата ја нарече Македонија

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, својата земја ја нарече – Македонија, а неговата Влада – македонска Влада, се вели во забелешките на грчките медиуми кои излегоа со реакции веднаш по говорот на македонскиот премиер на Самитот на НАТО во Вашингтон.

Мицкоски денеска од Вашингтон рече дека како држава, подготвени сме да го дадеме својот придонес на сето она што претставува вредност, посочувајќи дека за него претставува посебна чест и задоволство да се биде во друштво на овие луѓе и, како што рече, заедно со нив да одбележат 75 години од постоењето на НАТО-алијансата, најголемата одбранбена алијанса во светската историја.

„Тука сме заедно со нашите сојузници да ја потврдиме нашата посветеност како досега, така и во иднина дека ќе го промовираме мирот, стабилноста и владеењето на меѓународното право“, рече тој.

Според него, Македонија како држава има намера да продолжи на тој начин да функционира и, како што рече, да ги промовира вредностите.

„Како македонска Влада сакаме да бидеме рамо до рамо со нашите сојузници и да го потврдиме слободарскиот дух на македонскиот народ и на македонските граѓани“, порача македонскиот премиер.

Претходно грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека е сериозно загрижен од тоа што новата влада на Северна Македонија во внатрешната комуникација сè уште се нарекува Република Македонија.

Според Мицотакис, тоа не ѝ помага на европскиот пат на Северна Македонија и е непотребна компликација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот