Грчки европратеник го искина турското знаме во Европскиот Парламент

Европски парламент/ Фото: МИА

Грчкиот европратеник, Јанис Лагос, во денешната парламентарна седница во врска со ситуацијата  со емигрантите во грчките острови, го искина турското знаме, јавува агенцијата Анадолу.

На седницата на Генералното собрание на ЕП во Брисел со наслов „Хуманитарна состојба на грчките острови“, беше третирано прашањето за состојбата на бегалците во регионот.

– Не слушаме од никој да зборува во врска со ситуацијата на грчките државјани. Сите зборуваат за емигрантите, што ќе се случи со правата на грчките државјани?-, реагираше Лагос, поранешен член на партијата “Златна Зора“, сега независен пратеник во ЕП.

Тој рече дека 70 проценти од грчките државјани се против илегалната миграција.

– Од друга страна е и Турција, која прави што сака. Во напата држава доаѓаат мигранти во голем број. Треба да ставиме крај на ова-, рече Лагос и го искина турското хартиено знаме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот