Грчки епидемиолог: Хотелот нема да биде затворен и да се појави турист заразен со коронавирус

Ресторан во Грција / Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Доколку во хотел или во туристички објект се појави позитивен случај на Ковид-19, хотелот ќе продолжи да функционира и нема да биде ставен во карантин, изјави професорот епидемиолог Никос Сипсас за грчката телевизија „Скај”, јави дописничката на МИА од Атина.

– Ако имаме позитивен случај во хотел ќе се лоцира согласно со оперативниот план, потоа пациентот ќе биде изолиран, ќе се пронајдат контактите и само блиските контакти ќе бидат во карантин во хотелот. Но, хотелот ќе продолжи да функционира, објаснува професорот епидемиолог и додава дека нема целиот хотел да биде во карантин.

Паралелно, тој рече дека очекува да постојат увезени случаи на новиот коронавирус во текот на летото на различни туристичките дестинации, но истакна дека со ситуацијата ќе биде под контрола.

Во однос на вториот бран, оцени дека нема да биде во текот на летото, туку на есен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот