Грчката војска спречи влез од Турција на речиси 10.000 бегалци и мигранти

Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Според истите информации, оние кои нелегално влегле во Грција и биле уапсени се од Авганистан, Пакистан и Сомалија и немаат никаква врска со Идлиб.

Во изминатите 24 часа, од шест часот наутро вчера до шест часот утрово, на грчка територија бил спречен влез на 9.972 лица од Турција во делот околу Еврос, а биле уапсени 73 лица, брифираат извори од грчката Влада за медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, оние кои нелегално влегле во Грција и биле уапсени се од Авганистан, Пакистан и Сомалија и немаат никаква врска со Идлиб.

Околу два часот по полноќ имало масовен и организиран обид на поголема група млади мигранти да влезат на грчка територија, нелегално, од дел каде што не постои ограда, а се наоѓа во близина на граничниот премин.

Половина час претходно, грчката полиција и грчката војска ги забележале мигрантите и успеале да го спречат нелегалниот влез.

Во текот на вчерашниот ден, имаше и инциденти, откако насобраните лица од турска страна фрлаа камења, солзавец, дрва, железа кон грчката страна.

Од рано утрово, на грчко – турската граница се министерот за одбрана Никос Панајотопулос и неговиот заменик Алкивиадис Стефанис.

Грчкиот весник „Катимерини”, доцна синоќа објави дека во група на апликацијата „Телеграм”, постои повик за собир во понеделник во 12 часот напладне во Истанбул со цел да се стигне до границата со Грција.

-Ги информираме, оние кои сакаат миграција во Европа. Во соработка со „Црвената полумесечина”, бродови и чамци се подготвуваат да префрлат мигранти до грчките острови доколку грчката Влада не ја отвори границата, пишува, според „Катимерини”, меѓу другото во пораката на „Телеграм” испратена во група што има 1.080 членови.

Весникот коментира дека не познато кои се креаторите на групата, а споменувањето на „Црвената полумесечина” може да е трик за повикот да биде поверодостоен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот