Грчката Влада воведува отсуство од работа за специјална намена за еден од родителите на учениците

Фото: МИА

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите соопшти дека ќе биде издаден законски акт со кој се воведува отсуство од работа за еден од родителите на учениците, поради затворените училишта, јави дописничката на МИА од Атина.

Пецас наведе дека конкретното отсуство од работа, што ќе биде целосно платено, може да го користи еден од двајцата родители или родителот во случај на самохрана мајка или самохран татко се додека се затворени училиштата или до 10 април 2020 година.

За секои четири слободни денови, три ќе се сметаат да отсуство за специјална намена, а еден како редовен ден од одмор.

Во случај, ова отсуство да се одобри за вработен во приватниот сектор, државата, од редовниот буџет ќе покрие една третина од платата, нешто што во иднина може и да се промени, за како што рече Пецас, да нема губење на работни места. Додека пак за оние од јавниот сектор, државата ќе ги покрие во целост месечните примања.

За вработените во приватниот сектор, работодавачот може да предложи и можност за работа со флексибилно работно време или работа од дома.
За вработените во јавниот сектор, исто така, се дава можност да работат со флексибилно работно време, доколку е изводливо.

На денешниот редовен брифинг со новинарите и странските дописници, Пецас рече дека здравствениот систем на земјата ќе се зајакне до 2.000 нови вработувања на медицински персонал, од кои првите 200 ќе бидат во текот на следната седмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот