Грчката Влада со мастер план со конкретни мерки ќе се справува со мигрантското прашање

Мигранти / Фото: EPA/Bienvenido Velasco

Со конкретна политика и конкретни мерки вклучени во мастер план, грчката Влада ќе се справува со бегалското/ мигрантско прашање, како што истакна надлежниот министер, Јоргос Кумуцакос по одржаниот состанок во Министерството за цивилна заштита на Грција.

– Беше потврден повеќедимензионалниот карактер на бегалското/ мигрантско прашање и ќе создадеме централен план „masterplan” што ќе ги покрива сите прашања со конкретни политики и конкретни мерки, рече алтернативниот министер за цивилна заштита, надлежен за миграциска политика.

Состанокот, на кој присуствуваа и министерот задолжен за координација на работата на владата, како и генералните секретари од министерствата за цивилна заштита, за труд, здравство, внатрешни и надворешни работи, одбрана, поморство, земјоделство, образование, беше одржан по насоките на грчкиот премиер на минатонеделниот владин совет за надворешна политика и одбрана за справување со миграциското прашање, jави дописничката на МИА од Атина.

– Ќе се справиме со проблемот. И во неговата надворешна и во внатрешната димензија, со многу работа и со водечки критериум заштита на интересите на локалните заедници, потребата за почитување на човековите права и секако заштитата на драгоценото добро безбедноста, чувството на безбедност на Грците и безбедноста на земјата. Комбинацијата на сето ова е компас во нашата политика, со конкретни мерки, со конкретни одлуки – рече Кумуцакос по завршувањето на состанокот и објасни дека не станува збор за само една средба туку почеток на „континуиран процес за континуирана координација”.

Алтернативниот министер за цивилна заштита надлежен за миграциска политика, упати и критики до претходната влада, велејќи дека во сите надлежни министерства била констатирана „хаотична ситуација наследена од владата на СИРИЗА”, ситуација која „денешната влада ќе ја промени”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот