Грчката Влада одржа вонреден состанок за коронавирусот

Средбата ја свика претседателот на Владата на Грција, Кирјакос Мицотакис за последните случувања со коронавирусот, по смртните случаи во Италија.

Министри и претставници од седум грчки министерства, меѓу кои за здравство, за внатрешни работи, цивилна заштита, за образование, за миграција, учествуваа на денешниот состанок во премиерската палата, посветен на епидемијата на новиот коронавирус.

Средбата ја свика претседателот на Владата на Грција, Кирјакос Мицотакис за последните случувања со коронавирусот, по смртните случаи во Италија.

По завршувањето на состанокот, министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас истакна дека преземени се сите неопходни мерки за заштита и повика на смиреност, сериозност и професионалност.

– Сакам уште еднаш да истакнам дека ги имаме преземено сите неопходни мерки за заштита на јавното здравје во земјата. Организирани сме и тоа се покажува, бидејќи досега, успешно се справивме со сите сомнителни случаи. Би сакал да замолам, сите да се однесуваме смирено, сериозно и професионално. Овој вирус наликува на сериозен вирус на грип и така ќе се третира. Со оглед на географската локација на Италија и она што ни го кажуваат специјалистите за заразни болести, Грција е заштитена – рече Кикиљас.

Министерот за здравство на Грција истакна дека во земјата веќе се одредени 13 болници за евентуално справување со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот