Грчката Влада го поздрави предлогот на ЕК за „Фондот за закрепнување” од 750 милијарди евра

-Грција е од земјите што ќе има повеќе корист од предлозите на Европската комисија.

Го поздравуваме храбриот предлог на Европската комисија за пакетот од 750 милијарди евра, главно во форма на грантови финансирани преку заедничко издавање на долг, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на неговиот „Твитер” профил коментирајќи го предлогот на ЕК за „Фондот за закрепнување”, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас рече дека предлогот ги исполнува четирите предуслови поставени од Грција за „Фондот за закрепнување”: да биде голем и амбициозен, да е флексибилен, да се базира повеќе на грантови, а помалку на заеми и да се финансира од заеднички европски заем.

-Грција е од земјите што ќе има повеќе корист од предлозите на Европската комисија, бидејќи засилениот „финансиски пакет”  што ѝ следи, од десетици милијарди евра го отсликува нејзиниот засилен кредибилитет, вели Пецас и додава дека Владата ќе го искористи пакетот за динамично рестартирање на економијата во корист на сите Грци, „со претпазливост и одговорност, нема да го потрошиме, туку ќе го инвестираме за да ја трансформираме Грција “.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот