Грчката православна црква контра одлуката на Владата: Црквите за Водици треба бидат отворени и покрај забраната

Светиот Синод на Грчката православна црква, денеска одржа вонреден состанок за владините мерки за Водици и соопшти дека „не се согласуваат со мерките и инсистираат на она што беше првично договорено, а паралелно наредуваат Светите храмови да останат отворени за учество на верниците на литургија и осветувањето на водите во црквите”, јави дописничката на МИА од Атина.

Меѓу мерките што грчката Влада ги соопшти за оваа седмица е и забрана за отворање на црквите во среда за Водици, иако пред празниците беше соопштено за време на карантинот исклучок ќе има а за Божиќ, Нова година и за Водици кога литургиите ќе може да се одржат со присуство на верници.

Токму затоа, Светиот Синод на ГПЦ денеска одржа состанок и го изрази своето несогласување со мерките на грчката Влада и соопштуваат дека испратиле протесно писмо до Владата, „сметајќи го дијалогот како единствено средство за решавање на разликите што се однесуваат на односите меѓу државата и религиозните заедници”.

Дополнително упатуваат апел како до Европската унија, така и до грчката Влада да ги преземат неопходните чекори за веднаш да се обезбеди доволен број одобрени вакцини за граѓаните.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот