Грчката црква пред раскол поради ставовите кон украинските расколници?

Саборот на Грчката православна црква на 12 октомври го призна правото на цариградскиот патријарх Вартоломеј тој да може сам да одлучува на кој ќе му го додели  афтокефалниот статус.Покрај оваа можност, грчкиот сабор му одобри и на архиепископот  атински и на цела Грција Јероним да продлжи да се занимава со прашањето околу грчкото признавање на  украинската  црква.

Извори од грчката црква за тамошните медиуми соопштија дека  одлуката  на вонредниот архиерејски сабор не значи и признавање на ,,нова црква на Украина, и дека признавањето ќе биде конечно само доколку грчкиот архиепископ Јероним за време на литургија го спомене името на поглаварот на самонаречената украинска православна црква Епифаниј .

Засега е познато дека 10 митрополити на грчката црква побарале да се одложи расправата за евентуално признавање на Украинската православна црква. Според познавачите на состојбите, како што наведуваат грчките медиуми, подржувачите за доделување на афтокефалноста на Украинската црква всушност имаат амбиции да го заземат архиепископскиот трон на Грчката православна црква.

 Еевентуалното признавање на автокефалноста на новата црква во Украина може да доведе до сериозен раскол во Грчката црква.

Сепак ќе се чека дали грчкиот архиепископ Јероним за време на заедничката литургија со вселенскиот патријарх Бартоломеј на Света Гора ќе одлкучи да го спомене името на поглаварот на расколнчката украинска црква Епифаниј.  Доколку го спомене тоа ќе значи и признавање според црквените закони, наведуваат црковни извори.

Кон крајот на минатата година, на иницијаива на украинските власти и Цариградската патријаршија беше создадена таканаречена ,,православна црква на Украина“, расколничка структура настаната од две неканонски цркви. Со добивањето на томос за афтокефалноста од страна на патријархот Бартоломеј, новата црковна структура  стана целосно зависна од Цариградската патријаршија.

Но, до денеска ниту една помесна црква не ја призна украинската црква.

За православниот свет единствена канонска црква во Украина и натаму останува Украинската православна црква на Московската патријаршија

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот