Грчка супер бабичка: Мина 18 наутички милји со windsurf и си обезбеди место во Гинисовата книга на рекорди

Кусо пред 18 часот по локално време, по речиси шест часа, 81-годишната Гркинка Анастасиа Геролимату, вчера го оствари нејзиниот сон откако со windsurf помина 18 наутички милји преминувајќи од островот Кефалониа на Пелопонез, jави дописничката на МИА од Атина

Геролимату за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека го исполнила сонот што го имала уште додека била дете, иако беше речиси шест часа во морето, коментира дека времето и поминало многу брзо.

-Сега им ја предавам палката на младите, со порака никогаш да не се откажуваат во животот, колку тешкотии и да имаат. Ги повикувам да го засакаат морето, а мојата цел е да ги учам младите windsurf, вели 81-годишната Гркинка за АНА-МПА, откако пристигна на целта.

Со успешно поминатите 18 наутички милји со windsurf, според медиумите, грчката „супер бабичка“ си обезбеди место во Гинисовата книга на рекорди.

Како што вчера објави МИА, Геролимату, на 81 година, реши да исполни нејзин стар сон, во пресрет на подвигот порача дека „возраста е само бројка“ и истакна дека е аматер во спортот со кој се занимава веќе 41 година, а учела сама.

За време на нејзината, како што самата вели, Одисеја од местото Скала на островот Кефалониа до пристаништето во градот Килини на Пелопонез ја придружуваа два чамци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот