Грчевски: Има ракометарки кои треба да се замислат дали го заслужуваат дресот што го носат

Фото: РФМ

Македонската ракометна репрезентација вчера претрпе пораз од Унгарија со 29-19 во натпревар во кој одигра добро само едно полувреме.

Во првото полувреме избраничките на селекторот Грчевски беа рамноправен противник на домаќинот на првенството, но во вториот дел Унгарија заигра подобро и ја оправда фаворитската улога.

„Одигравме одличен натпревар, посебно во првото полувреме кога навистина имаше изедначена игра. Можеби малку нè потценија, а ние дадовме максимум. Второто полувреме започна малку лошо со деконцентрација во шутевите, промашувавме чисти ситуации кои моравме да ги реализираме ако сакаме да играме против вакви репрезентации, не смеевме да си дозволиме такво нешто“, истакна Грчевски.

Селекторот најави и промени во иднина во репрезентацијата.

„Има ракометарки кои покажаа дека заслужуваат да бидат тука, но има и некои кои ќе треба малку да се замислат дали навистина заслужуваат да бидат во репрезентацијата или треба уште да работат да го заслужат дресот што го носат“, истакна селекторот.

Најдобрите македонски ракометарки со пораз го завршија настапот на ЕП 2024

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот