Грчева до Рамадани: Не сакам да ми се обраќате на „ТИ“, заедно не сме паселе овци

Солза Грчева и Исмет Рамадани влегоа во жешка дисусија за гласовите кои ги освои партијата „Глас за Македонија“.

-Морам да ви кажам, за Европа и европски стандард да зборува претседател на партија која добива 0, 31 посто. ПДП беше најдобрата албанска партија. Прво да ве потсетам дека вие продавате морал, а немате еманципација политичка. Најдевалвирана си ти и треба да си дадеш оставка, рече Рамадани, но не можеше да се доискаже, бидејќи Грчева постојано му влегуваше во збор.

На ваквиот став на Рамадани, Грчева истакна дека тие не се познаваат доволно за да и се обраќа на ти.

-Глас за Македонија е најискрадената партија на овие избори, 46 илјади гласови се украдени. Господине Рамадани не сакам да ми се обраќате на „ТИ“, заедно не сме паселе овци. Да ми се обраќате на „ВИЕ“. Јас со вас немам ништо заедничко, рече Грчева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот