Грчев: Одлуката на Владата, постаментот за споменикот на Мајка Тереза да биде пренамент е бесмислена

Комисијата за ревизија на проектот Скопје 2014 уште во 2018 година предложи рушење на три споменици, Ќосето, Воин на коњ и Мајка Тереза. Споменикот на Ќосето беше отстранет пред точно две години, од пред Судот и однесен беше во кругот на „Металски Завод Тито“. Две години подоцна, Владата одлучи споменикот на Мајка Тереза да не се урива, туку да се пренамени затоа што тоа ќе било поскапо од пренамена. За таа цел овој месец ќе се распише конкурс за идејно решение, во што да биде споменикот пренаменет.

Координаторот на работната група при Министерството за култура, професорот Мирослав Грчев е зачуден од ваквата одлука. Тој вели дека од работата на комисијата произлегле 15-16 добро сработени елаборати за поединечни споменици.

– Ние ги предадовме елаборатите до Министеството за култура, ги доставивме и до Владата, но од тоа не произлезе ништо, како повратна информација.

Грчев смета дека одлуката на Владата да го пренамени споменикот на Мајка Тереза од Скопје 2014 е бесмислена.

– Мене информацијата дека ќе се пренаменува споменикот ме затекна. Нема никаква смисла една дивоградба која е симбол на владеење на неправо, еден фашистички споменик да не биде срушен.Толерирањето на постоењето на овие споменици е толерирање на Скопје 2014, кој претставува историски дебакл на една цивилизација. Не може да израсне тумор на сред улица, на јавен простор во центарот на метрополота. Овој споменик не е споменик на Мајка Тереза туку споменик на диктаторство од фашистичко компрадорска провиниенција и споменик на нашето подаништво и ропска свест, затоа што не знаевме ни тогаш ни сега да застанеме против тоа, вели Грчев.

Комисијата за Скопје 2014 година утврдила дека со изградбата на овој споменик се прекршени Законот за градба, Законот за патишта, Законот за просторно и урбанистичко планирање, и Законот за меморијални споменици и спомен обележја.

„Во Република Македонија и тогаш и денеска стои Закон во кој пишува дека споменик може да подигне само и единствено Собранието на Република Македонија. Не да одлучува, тука да подига, преку процедура со бадентерово мнозинство и преку учество и на заедниците кои не се мнозинство во државата, за тоа што ќе се слави како споменик. Владата е ненадлежен орган, и оваа одлука за пренамена е повторно кршење на законот. Криминал не може да се пренамени“, рече Грчев во Утрински брифинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот