Гравина: Доколку е потребно, ќе има Серија А во јули и август!

твитер

Спортските натпреварувања се прекинати, но Италијанците се очигледно убедени дека оваа натпреварувачка сезона (2019/20) ќе заврши.

Претседателот на италијанската фудбалска асоцијација вели доколку е потребно, ќе се играат натпревари и во текот на летото.

Габриеле Гравина, првиот човек во италијанскиот фудбал повторно најави продолжение на сезоната во најсилната Серија А.

Италија е земја која е една од најмногу погодените од коронавирусот. Спортските натпреварувања се прекинати, но Италијанците се убедени дека оваа натпреварувачка сезона (2019/20) ќе заврши.

– Нема да изгубам надеж и ќе дадам сè од себе за да продолжи сезоната – рече Гравина за „Радио Марте“, па продолжи:

-Сеуште е рано да се истакне посебен датум, но мора да размислуваме позитивно. Ќе се обидеме да ја завршиме сезоната и да побараме од УЕФА и ФИФА да се играат натпревари во јули и август. За тоа ќе дознаеме наскоро. Не сакам сега да заврши сезоната, тоа ќе го сфатам како свој пораз и ќе ги отфрлам ваквите предлози – додаде Гравина.

Доколку сезоната заврши според моменталниот пласман на табелата во Серија А, титулата шампион повторно ќе ја освои Јувентус.

Газдите на Јувентус и Лацио, Ањели и Лотито се најдоа во конфликт поради моменталната ситуација со опасната зараза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот