„Гранде“ Пандев стрелаше за Џенова (ФОТО)

facebook.com/genoaCFCofficial/

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев ја започна голедата со погодок во 10 минута што е добра најава пред новите обврски во најсилната италијанска фудбалска лига, но секако и многу важно за нашата најдобра селекција која наредниот месец ќе има нови нови евроквалификациски мечеви.

Најмногу голови на овој контролен меч имаше Парагваецот Антонио Санабриа, вкупно четири. Овој фудбалер игра во калчолигашот како позајмица од редовите на Бетис.

Потоа, германскиот напаѓач Синан Ѓумуш трипати се запиша во листата на стрелците, а еден гол беше дело на Полјакот Филип Јагиело.

Ова беше вкупно петта победа во летните подготовки за фудбалерите на тренерот Андреацоли, само еднаш ремизираа 1:1 со францускиот Нант.

Новата сезона во Серија А за Џеноа ќе стартува на 25 август на гостувањето кај Рома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот