„Гранде“ Пандев со нов гол во Серија А! (ВИДЕО)

twitter/pianetagenoa

Македонскиот репрезентативец го постигна шестиот гол сезонава во најсилното италијанско фудбалско првенство во дресот на Џенова.

Во денешниот натпревар од 23. коло во најсилното италијанско фудбалско првенство екипата на Џенова пред своите навивачи во дуел против Каљари.

На овој меч на стадионот „Луиџи Ферарис“ не беше стартер Горан Пандев, но во 39. минута влезе во игра и само четири минути подоцна успеа да се запише во листата на стрелците.

Стураро асистираше до македонскиот репрезентативец чија намера најверојатно беше правовремено да додаде во казнетиот простор до тимските колеги. Неговите соиграчи доволно направија да го измамат противничкиот голман Крањо и дозволат таа топка да влезе во мрежата за водство.

После првото полувреме Џенова води со 1:0 против Каљари, со евентуални три бода кои би биле многу важни во борбата за опстанок.

За Пандев ова е вкупно шестиот гол сезонава во Серија А, претходно стрелаше против Рома, Сасуоло, Лече, Удинезе и Бреша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот