„Гранде“ Пандев: Пласманот на Европското првенство е круна на мојата кариера!

Фото: instagram.com/FFMacedonia/

Македонскиот сениорски репрезентативец Горан Пандев (37) го постигна победничкиот гол минатиот месец во Тбилиси против Грузија (0:1) за историски пласман на нашата А селекција на наредното Европско првенство.

„Црвено-жолтите“ предводени од селекторот Игор Ангеловски после овој триумф беа сместени во групата „Ц“ со Холандија, Украина и Австрија, а дуелите ќе ги играат во Букурешт и Амстердам.

„Гранде“ Пандев, играчот на Џенова, кариерата во која забележа огромни успеси на клупски план ќе ја збогати и со учество на континентален собир.

Во интервјуто за „mozzartsport.com“ зборуваше за импресиите од големиот резултат, очекувањата на Евро 2020, за неговиот клуб Џенова, спортски настан кој му остана во убаво сеќавање..

Фото: facebook.com/FudbalskaReprezentacija/

– Нашата репрезентација заврши одлична работа. Добро е за Македонија, за нашата репрезентација. Прв пласман на нашата А селекција на големо натпреварување е круна на мојата кариера. Се надевам дека пандемијата ќе заврши и ќе имаме голема поддршка од нашите навивачи. Реално ние сме аутсајдери, но немаме што да загубиме. Првите два натпревари против Австрија и Украина ни се најважни – рече Пандев.

Воедно ги одвои и спортските настани кои најмногу му останаа во убаво сеќавање..

– Два натпревари, последниот со Македонија против Грузија на 12 ноември и нашиот голем успех. Вториот е финалето во Лигата на шампионите помеѓу Баерн и Интер (во 2010 година на „Сантјаго Бернабеу“, Мадрид), во кое триумфиравме со 2:0 – додаде нашиот напаѓач кој во Италија ги бранеше и боите на Лацио и Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот