„Гранде“ Пандев останува во редовите на Џенова

фото: твитер

Важечкиот договор на македонскиот репрезентативен напаѓач со калчолигашот завршува на 30 јуни 2020 година.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Џенова веќе размислува за следната натпреварувачка сезона 2019/2020.

Како што пренесува „Тутоспорт“, Горан Пандев заедно со Давиде Бираски ќе останат во центарот на „проектот“ на Џенова.

Важечкиот договор на македонскиот репрезентативен напаѓач со калчолигашот завршува на 30 јуни 2020 година.

Имаше понуда за враќање во својата поранешна екипа Интер со кој ги имаше најголемите успеси во кариерата, истата од страна на Антонио Конте ја одби.

До прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирус, нашиот играч во првенството имаше учинок од седум голови во 22 натпревари што го прави моментно најдобар стрелец на клубот, заедно со Доменико Кришито.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот