„Гранде Пандев“ останува верен на Џенова (ВИДЕО)

EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Важечкиот договор на Пандев (35) истекува на 30 јуни, а двете страни се очекува наскоро да ја продолжат соработката.

Од 2015 година го носи дресот на Џенова, нашиот репрезентативен е подготвен и за петта сезона во дресот на овој калчолигаш.

До сега има вкупно 96 натпревари и 13 голови за овој тим, а претходно на Апенините беше дел уште од Интер, Лацио, Наполи…

Минатата сезона во Серија А „Гранде Пандев“ имаше добри перформанси и имаше клучна улога во обезбедувањето на опстанокот на својата екипа.

Лани запиша учинок од 26 одиграни мечеви и четири погодоци против Аталанта, блесна против Јувентус, Киево и Сасуоло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот