„Гранде“ Пандев и официјално е рекордер во италијанската Серија А

Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Денеска Џенова во рамките од 23 коло во најсилното италијанско првенство ремизираше со резултат 2:2 против Верона.

Домаќините успеаја да дојдат до значаен бод во самиот финиш од средбата кога гостинската мрежа ја затресе Бадељ (90+4`).

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев не беше стартер за Џенова, влезе во игра од 67 минута како замена за Стротман.

Пандев и официјално е рекордер во Серија А, тој е играч со најмногу настапи како резерва, вкупно 155, сега еден повеќе Серџо Пелисие (154) кој веќе не е активен во фудбалот.

Клубот од „Луиџи Ферарис“ е во средниот дел од табелата, поточно на 11 позиција со 26 бодови, осум помалку од деветтопласираната Верона.

Претходно во оваа лигашка рунда Лацио со погодокот на Алберто дојде до минимален триумф над Сампдорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот