Гран при за претставата “Кој сум јас” од Монголија на Фестивалот на монодрамата во Битола

ФОТО: Престава Монголија, В.В.Младеновска

Гран При највисоката награда на годинашниот Интернационален фестивал на монодрамата во Битола му беше доделена на актерот Јанјиндулам Рагкасурен од Монголија за претставата “Кој сум јас”, во  режија на Б.Батделгер.

Претстава која стручното  жири  во состав: Нина Мазур, Николај Урумов и Сашко Коцев ја доживеа  како нотите отсвирени на една харфа, нежна ,емотивна, тивка и кревка. Актерскиот израз беше универзален и разбирлив и немаше никаква јазична бариера.Секој збор беше симфонија од чувства ставен во режисерскиот концепт кој беше суптилен и ненаметлив. Една тешка тема од човековото секојдневие,без никаква патетика, преточена во ова театарско остварување.

Наградата за најдобро актерско остварување  му беше доделена на  Салваторе Арена,за улогата во претставата “Како мало зрно песок” од Италија.

Според жирито станува збор за актерско остварување на Салваторе кое со својот широк спектар на емоции ја освои едногласно и публиката и членовите на жири комисијата. Неговите емоции танцуваа, се возеа по малите улички на Италија, беа младешки, бунтовнички,страдални и секако вистински во секој момент од претставата.

За најдобра режија на Фестивалот беа наградени  Хорхе Лопез и Пати Доминик за претставата “Крвава свадба” од Шпанија.

Според гласовите на публиката, најдобра претстава беше  “Како мало зрно песок” од Италија. Оваа награда ја додели Општината Битола.

По доделувањето на наградите, на сцената на Битолскиот Народен театар беше изведена претставата “Нема струја за електричниот стол” на театарот “Јордан Х. К. Џинот” од  Велес, во режија на Дејан Пројковски.

Годинашното 24 издание на Интернационалниот Фестивал на монодрамата во Битола во организација на Центарот за култура под мотото ” Да се биде”
траеше девет дена.

На Фестивалот на монодрамата  учествуваа актери од 11 земји, со вкупно 13 монодрами.

На театарските сцени во Битола  гостуваа актери од Естонија, Монголија, Италија, Шпанија, Црна Гора, Косово, Израел, Србија, Хрватска, Литванија и од Македонија.
Селекторот на Фестивалот, актерот Петар Мирчевски рече  дека годинава пристигнале најмногу апликации споредено со минатите изданија на Фестивалот.

– Во едно вакво време кога сме нападнати од не знам какви се̍ не кризи, да се организира ваков фестивал кој траеше девет денови со 13 претстави во официјална конкуренција и 2 претстави во чест на гостите на свеченото отворање и затворање, да се угостат актери од 11 земји, за мене е рамно на подвиг-рече селекторот на фестивалот, Петар Мирчевски.

Новина од годинава беше конкурсот за македонски монодрами и по пауза од повеќе од 15 години беше обновен конкурсот за монодрамски текст.

Во рамките на Фестивалот на монодрамата беа  организирани  работилници за пантомима, како и  офф програма која внесе позитивна енергија во Битола надвор од театарските сцени.

Фестивалот на монодрамата се одржа со  финансиска поддршка од Министерството за култура, Општината Битола и Шпанската амбасада во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот