Гран Канарија немоќна пред фантастичниот Димитријевиќ! (ВИДЕО)

twitter.com/Penya1930

Денеска во рамките од шестото коло во најсилната шпанска кошаркарска лига составот на Хувентуд Бадалона со резултат 68:79 славеше на гостувањето кај Гран Канарија, иако после првото полувреме беше нерешено, 38:38.

Одлични перформанси покажа Ненад Димитријевиќ за скоро 23 и пол минути игра на паркетот во Лас Палмас.

Македонскиот интернационалец беше втор стрелец во својата екипа со 15 поени (пет скокови, две асистенции).

Подобар од него беше само Словенецот А. Омиќ со 16 поени (осум скокови, една асистенција), а кај домаќините се истакна Беиран со 24 поени (девет скокови, две асистенции).

Ова е само втора победа (по ред) за Хувентуд Бадалона и моментно е на 15 позиција со четири бодови.

Во наредното коло на домашен терен ќе игра против Обрадоиро што ќе биде одлична можност за играчите на Дуран да освојат нови бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот