Граѓаните се мобилизираат, вечерва во 19 часот нов протест пред Владата

Нов протест и во недела/Фото: Ултиматум, Не благодарам

Вечерва со почеток од 19:00 часот нов протест пред Владата на Република Македонија најавија од „Ултиматум – НЕ благодарам”.

Тие ги повикаа граѓаните уште  помасовно и погласно да го искажат својот револт против францускиот предлог со кој се прифаќаат сите бугарските услови.

Вчера во истиот термин пред Владата се одржа голем протест под мотото „Ултиматум – Не, благодарам” против прифаќањето на овој предлог предводен од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, којшто беше поддржан и од други политички партии, граѓански организации и јавни личности кои сметаат дека предлогот од Франција е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

На протестот беа кажани пораки против францускиот предлог, се апелираше тој да не се потпишува, а беа упатени и барања за оставки.

Беше повикана Владата да не го потпишува предлогот со порака „Македонија е се што имаме и од неа никогаш и под никакви услови нема да се откажеме”.

Помал протест на група граѓани се одржа и во петокот откако Владата на својата официјална страница го објави францускиот предлог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот