Граѓаните се гушат во загаден воздух – надлежните „спијат“
Друга година, иста стара мака. Граѓаните го плаќаат данокот во намален квалитет на живот, а надлежните никако да преземат конкретни мерки против аерозагадувањето.
Проблем со загаден воздух има во повеќе градови низ Македонија, но Скопје е лидер.
За жал, главниот град по загаден воздух често пати е меѓу европските и светските прваци. Во последните неколку денови, се најде меѓу првите десет градови со висока токсичност на воздухот.
Скопје и вчера вечер беше меѓу градовите со највисоко ниво на загаденост, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина air.moepp.gov.mk.
Според најновите измерени вредности, концентрацијата на ПМ10 честички во воздухот во центарот на Скопје изнесуваа 276 µg/m3, што е највисока вредност меѓу сите мерни станици во земјава.
Овие вредности ги надминуваат дозволените граници, особено во центарот на Скопје, каде што концентрациите се екстремно високи.