Граѓаните на Македонија во Египет само со електронска виза

Египет туристи туризам
Туристи во Египет / Фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI
Граѓаните на Република Северна Македонија ќе патуваат во Египет само со електронска виза, најави денеска на Фејсбук шефот на дипломатијата Бујар Османи.
– Сите оние кои имаат интерес да патуваат во Египет може да добијат електронска виза за влез во земјата во рок од 24 часа од поднесување електронска апликација. Со цел аплицирање за електронска виза, заинтересираните треба да го посетат виза порталот на Египет на следниот линк www.visa2egypt.gov.eg; Одобрената електронска виза пристигнува на е-меил и истата се печати и презентира на граничните премини на Египет, напиша Османи.
Министерот додаде дека за влез во Египет, покрај електронска виза, потребно е да се поседува и негативен ПЦР тест не постар од 72 часа пред пристигнувањето во земјата или признаен сертификат за вакцинација извршена најмалку 14 дена пред влез во земјата.
– Република Северна Македонија е меѓу 74 земји на кои Египет им овозможи влез со електронска виза согласно горенаведената процедура, додаде министерот Османи.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот