Граѓаните да бидат внимателни, зголемен ризикот од пожари на Водно

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Поради зголемениот ризик за локални пожари од високите температура и портокаловата фаза со која е зафатен регионов, Град Скопје апелира до сите граѓани при посета на планината Водно, другите излетничките места и шумите да бидат внимателни со отпушоците од цигари, да одбегнуваат палење оган на отворено, како и други активности што можат да предизвикаат несакани пожари.

Завчера имаше пожар на Водно, под месноста Марково Крувче. На терен интервенираа скопските пожарникари со 9 возила и екипи од ЈП „Паркови и зеленило“, а причината за пожарот, како што велат од Град Скопје, е човечки фактор.

Оттаму апелираат доколку граѓаните забележат пожар, веднаш да пријават во Противпожарната бригада на телефон 193 или во Центарот за управување со кризи, на бројот 195.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот