Граѓаните чекаат и над четири часа за подигнување документи за лична идентификација

Скопје, Фото: Слободен печат / Драган Митрески

 По дури и над четири часа чекаат некои граѓани за да ги подигнаат своите документи за лична идентификација на плус 40 степени, без никаков ред и без почитување на протоколите против Ковид-19, во неклиматизираните простории на Одделението за управни работи при Секторот за внатрешни работи – Скопје, во зградата на МТВ.

Граѓаните, меѓу кои и повозрасни лица, трудници и деца, доаѓаат уште во раните утрински часови, меѓутоа и тогаш има турканици, што траат се до завршувањето на работното време на ова Одделение.

Дел од граѓаните се жалат дека чекаат „залепени” едни до други некој да излезе од затворената врата на Оделението и велат дека никој не им објаснува како треба да постапат за да ги подигнат документите.

Вратата се отвора на секои 20-тина минути до половина час и граѓаните се туркаат да го подадат ливчето на надлежното лице, без притоа да добијат објаснување уште колку ќе треба да чекаат за да го подигнат документот. Некои се жалат дека платиле и над 4000 денари за да добијат пасош по итна постапка, за на крај да се соочат со вакви нехумани услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот