Граѓани побарале да им дојде невакциниран попишувач

На десеттиот ден од почетокот на пописот, попишани се 618.000 граѓани од кои 105. 000 само во текот на вчерашниот ден, изјави за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ портпаролката на Државниот завод за статистика, Јасмина Ѓоргиева.

– На терен имаме над 4.000 попишувачи, а дополнителен број на луѓе се и техничка поддршка на целиот процес, што го прави пописот навистина сложена процедура. Нормално е во една така голема операција да има и предизвици и технички проблеми. Пописот не беше запрен во ниту еден момент, а техничките проблеми беа надминати. Успешно се одбранивме и од двата обиди за упад во системот. Системот е така конципиран да штета не може  да се направи, единствена штета е што го забавија процесот неколку дена, изјави Ѓоргиева.

Таа апелира граѓаните да не наседнуваат на манипулации и да им отворат врата на попишувачите.

– Придобивките од пописот се за секој од нас, затоа е важно населението да не наседнува на манипулациите за не отворање на врата на попишувачите. Доколку во некое домаќинство има  одбивање, за тоа јавува попишувачот, а потоа реонскиот инструктор заедно со државниот одат на терен за да разговараат со семејствата кои одбиваат да се попишат и на крај успеваат да ги убедат да се попишат. Во Законот за попис има предвидени постапки за тие кои не сакаат да  се попишат, но ние не сакаме ни да помислиме дека ќе треба тие постапки да ги активираме, вели Ѓоргиева.

Досега граѓаните не инсистирале на вакциниран попишувач, но има интересен случај кога од Комисијата било побарано да биде пратен невакциниран попишувач.

-Населението со доверба ги прима поопишувачите, некои се попишуваат во двор, некои пред зграда, но имаше еден интересн случај кога беше побарано да им се прати невакциниран попишувач, по што Комисијата излезе во пресрет на барањето и прати невакциниран попишувач за да го попише домаќинството. Јас ги замолувам граѓаните да го проверат овластувањето на попишувачот пред да почнат да даваат информации за себе, а на крајот да побараат увид во тоа што е напишано во програмата. Оние кои не живеат на истата адреса од лична карта не треба да се грижат, ќе бидат попишани во домот во кој моментално живеат, бидејќи нас ни е важно да знаеме и колкава е населеноста во секоја населба и општина, објаснува Ѓоргиева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот