Граѓанскиот суд ќе добие нов шеф, во игра и актуелниот претседател Сулејмани

Фото: МИА

Судскиот совет утре ќе избира нов претседател на Основниот граѓански суд Скопје. На листата за кандидати е и името на актуелниот шеф на скопска „двојка“, Илир Сулејмани. На него мандатот му истече на 29 мај годинава. Веднаш од наредниот ден, тој, сега со судот менаџира како в.д. претседател. Сулејмани претседателската функција ја доби кон крајот на мај 2015 година, со мандат од четири години и право на повторен избор. Сулејмани за „Слободен печат“ кусо одговори дека се пријавил на огласот во Судскиот совет.

Највисокото судско тело кое именува, унапредува и разрешува судии, огласот за претседатели на судови го објави во февруари. Но, дури девет месеци подоцна, во октомври, ќе ги избере новите шефови на судовите и тоа во: Скопје – граѓански суд, Велес, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка, Прилеп, Штиш, битолскиот суд со одделение во Демир Хисар и кичевскиот суд со одделение во Македонски Брод. Новиот претседател ќе добие и неготинскиот суд, кој чека помалку, бидејќи за него огласот беше објавен во мај.

На утрешната седница на Судскиот совет, ќе се изберат и шест судии во скопскиот Апелационен суд – тројца кривичари, двајца за граѓанска и еден судија за стопанска-трговска област. И за овие кандидати, огласот беше во февруари.

Нов шеф утре треба да добие и Вишиот управен суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот