Граѓански протест во Сараево: Маж на возраст од 36 години убиен во тепачка со мигранти

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Граѓански протест во сараевската населба Отес на кој е изразен револт по смртта на 36 годишниот Јасмин Беровиќ кој настрада во тепачка со мигранти, пренесува Н1.

Граѓаните бараат итна реакција на надлежните институции, пред се на Министерството за внатрешни работи на БиХ, полицијата и останатите државни органи во чија надлежност е мигрантската криза.

Сараевските медиуми пренесуваат изјави на граѓани од Илиџа според кои не смеат да пуштат деца да излезат поради мигрантите, бидејќи стравуваат за нивната безбедност.

– Полицијата сама не може да го реши овој проблем. Ги собираат, ги носат во Прифатниот центар Ушивак, а за два часа тие се враќаат на Илиџа. Нашиот народ е добар и им помага, а тие вака ни возвраќаат, вели жител на сараевската населба.

На протестот се појавија и претставници на одредени политички партии. Полицијата на Кантонот Сараево од вчера е во потрага на повеќе лица ккои се осомничени за убиството на Беровиќ.

Медиумите во Сараево пишуваат дека мигранти правеле проблеми во една кафеана во градот по што биле повикани момчиња да ги отстранат од локалот. Притоа дошло до судир меѓу локалното население и мигрантите во кој загина Беровиќ, а две други лица се повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот