Граѓанската иницијатива Бадникови поворки направи донација за болницата во Куманово

Средствата што беа собрани на пунктови во Куманово на граѓанската иницијатива Бадникови поворки се искористија за купување постелнина, перници, топломери за Општата болница во градот, соопштија денеска од иницијативата.

За разлика од изминатите години, оваа поради пандемијата Бадниковите поворки се одржаа на поинаков начин, виртуелно, а претходно беа поставени кутии за донации на два пункта во Куманово.

– Нашата мисија беше хуманитарна. Поставивме неколку пункта во градот. Од средствата купивме перници, постелнини и топломери за потребите на ЈЗУ Општа болница Куманово. Од срце се заблагодаруваме на сите хумани граѓани кои одвоија средства и донираа во услови на криза. Се надеваме дека состојбата ќе се стабилизира. Се гледаме догодина во што поголем број по улиците на градот пеејќи во еден глас. Христос се роди, изјави Ана Денковиќ Антевска од Бадникови поворки Куманово.

Бадникова поворка годинава се одржа со користење на технологијата со собирање донации

Во рамки на нивната манифестација која со години се одржува, оваа година беше изработен и мурал кој го нацрта Младен Трендевски, инаку дело на уметникот Мирослав Величковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот