Граѓанска акција за пошумување во Кочани - Слободен печат

Граѓанска акција за пошумување во Кочани

Граѓанското движење за почист воздух од Кочани денеска реализираше акција за пошумување на падините на Осоговските Планини, при што беа засадени околу илјада садници аризонски чемпрес.

Во акцијата се вклучија педесетина граѓани, а пошумувањето се реализираше под мотото „Засади иднина”. Поддршка на иницијативата дадоа и Општина Кочани, која ги обезбеди садниците, како и надлежните служби од ЈП „Национални шуми” и ЈКП „Водовод”.

-Продолжениот празничен викенд го искористивме на терен да ја реализираме иницијативата за зачувување на природната средина и за облагородување на околината на градот. Иако навлеговме во декември, временските услови се поволни и очекуваме дека пошумувањето ќе има позитивен резултат, односно сите садници ќе се фатат. Сакаме да дадеме свој придонес во јакнењето на свеста кај нашите сограѓани дека сите треба да се грижиме за животната средина и се надеваме дека инцијативата ќе добие помасовна поддршка, истакна Љубица Теодосиева, координатор на еколошкиот клуб во ОУ „Св. Кирил и Методиј”.

Прочитајте и...  Туристичка промоција под хаштагот #onlyiNMacedonia

Пошумувањето се реализираше во околината на градската депонија на Кочани, каде во летниот период имаше голем шумски пожар, во кој изгореа 150 хектари со повеќегодишни стебла од бор и багрем. Иницијаторите на акцијата рекоа дека доколку дозволат временските услови, засадувањето ќе продолжи во текот на наредните викенди.

Прочитај повеќе

Нема нерегуларности: Гани е победник на изборите одржавни пред пет месеци во Авганистан

МИА Агенција

Поголемиот дел од граѓаните на Северна Ирска сакаат земјата да остане во Обединетото Кралство

МИА Агенција

Силите на генералот Хафтар бомбардирале турски брод во пристаништето Триполи

МИА Агенција

Во воздушните напади за викендот во Јемен загинаа 35 лица

МИА Агенција

Швајцарија е најскапа за живеење, Македонија на 113 место

Слободен печат

Зоран Заев: Живеам како студент во Скопје, се хранам со виршли и салама

Слободен печат

Остави Коментар

11 − десет =

Прочитај повеќе

Вархељ: Ако Македонија и Албанија ги испорачаат реформите, бидете уверени дека ќе има отворање на преговори

МИА Агенција

Ердоган отвора грандиозна библиотека во Претседателската палата: Ќе работи 24/7, а полиците се долги 200 километри

Слободен печат

Еврозоната поранлива отколку што се мислеше: Еврото значително ослабна во однос на доларот

Слободен печат

Ципрас: Каде се борците за Македонија сега кога Мицотакис го почитува Договорот од Преспа

МИА Агенција

Се проширува „црната листа“ на даночни раеви

Слободен печат

ДИК објави јавен повик за пријава и увид во Избирачкиот список за дијаспората

Слободен печат