Граѓаните вознемирени и испаничени: Ни рекоа смирено да го напуштиме трговскиот, не ни кажаа зошто

Фото: пешачки премин во илустрација

Пред околу половина час, на разгласот на трговскиот центар се расчуло дека сите присутни треба да го напуштат објектот, по што обезбедувањето на Сити Мол, почнало да ја спроведува евакуацијата на граѓаните, велат очевидци за „Слободен печат“.

Вработените и посетителите не знаеле зошто е наредена евакуација, но биле замолени без паника да излезат од трговскиот центар, изјави за „Слободен печат“ една посетителка на Сити Мол.

– Кога го слушнавме разгласот не обзеде паника и покрај тоа што порачуваа да бидеме смирени, ние се обидувавме со моите другарки во истиот момент што побрзо да излеземе од трговскиот.

„Слободен печат“ разговараше и со дел од вработените во продавниците кои се наоѓаат во Сити Мол кои ни изјавија дека тие најнормално ја примиле објавата на разгласот, бидејќи и во минатото се случувало да има дојави за бомби и ја знаеле целата процедура како да го напуштат трговскиот центар без паника.

Околу трговскиот центар е забележано големо присуство на полиција која го обезбедува целиот Сити Мол, а може да се забележат возила на противпожарната бригада, како и возила на итната медицинска помош.

– Прво ни беше јавено да одиме кај Сити Мол дека има дојава од бомба, а потоа кога дојдовме ни кажаа дека имало пожар од запалена машина во еден од рестораните на третиот кат. Пожарот беше изгаснат, а сега чекаме да видиме што ќе се случува понатаму, изјави еден од пожарникарите за „Слободен печат“.

Засега немаме официјални информации за каков вид на направа станува збор и очекуваме МВР да излезе со соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот