Граѓаните во Аеродром ќе избираат локации за садење дрвја

Општина Аеродром денеска објави прашалник за прибирање предлог-локации за садење нови дрвја на јавни зелени површини во текот на ноември.

– Се повикуваат граѓаните до 10 ноември 2019 година да даваат свои предлози за садење дрвја што се наоѓаат на јавното зеленило под ингеренции на Општина Аеродром, односно локации покрај улици, јавни зелени површини и места каде што досега не биле насадени дрвја или биле исечени, се вели во соопштението од Општина Аеродром.

Предлозите, како што се наведува, ќе бидат земени предвид доколку бидат исполнети условите на терен, односно земјиштето да е во сопственост на државата и садењето да не ја оштетува подземната инсталација.

Општина Аеродром за есенското садење дрвја има обезбедено околу 3.000 различни видови зимзелени и листопадни садници, а во изминатата година на територијата на Општината беа засадени над 2.000 високостеблести дрвја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот