Граѓаните умираат чекајќи ја правдата во Македонија

Во Основниот суд Скопје 2 има 50 предмети постари од 10 години, 88 предмети кои се постари од седум години и 1.694 предмети постари од 2,3 години.

Голем број на граѓански и кривични предмети, кои од правни причини се „заглавени“ во македонските судови, со години, па и со децении чекаат разрешница. Некои од странките во предметите ја дочекале правдата, но некои сè уште ја чекаат. Многумина од граѓаните, се разболеле чекајќи, а има и такви кои за жал не дочекале да ја слушнат пресудата.

Најголем број заглавени предмети има во скопскиот Кривичен суд, кој според својата спефична работа, има и најмногу предмети на годишно ниво. Причините за одолговлекувањето на правдата е најразлична.

Гледано низ бројки, а базирајќи се на годишните, полугодишните и месечните извештаи, Кривичниот суд, или меѓу народот познат како „скопска единица“ има најголем број на добиено предмети за одлучување, пресудување, а со тоа и голем број „заглавени“ предмети во текот на една година, наспроти Основновниот суд Скопје 2, или попознат како Граѓански суд кој има доста помал број на предмети.

Портпаролката на Основниот суд Скопје 2, Сања Томиќ-Велкоски вели дека во овој суд нерешени стари предмети на крајот на 2019 година имало само 1.832.

– Станува збор за 50 предмети кои се постари од 10 години, 88 предмети кои се постари од седум години и 1.694 предмети постари од 2,3 години – вели Томиќ-Велкоски.

Прочитајте и...  Потврден коронавирус во Македонија

Бројките велат дека во 2017 година, Кривичен за судење добил дури 77.310 предмети. Таа година вкупно биле решени 55.022, а останале за пресудување дури 22.288 предмети. Следната 2018 година бројот се намалил. Па така, таа година судиите за работа добиле 65.164 предмет, од кои 48.403 биле решени, а 16.761 предмети останале без пресуда.

Во првата половина на 2019 година речиси 36.000 предмети имало помалку во однос на цела 2017 година. Податоците говорат дека вкупно предмети за работа имало 41.061. Од нив, 20.593 предмети биле решени, а 20.468 останале за пресуда. Најголем број од предметите во Основниот суд Скопје 1 во однос на нерешени предмети за првото шестмесечје од минатата година биле прекршчни (18.576).

Потоа следат предметите за извршување на санкции (15.075), предмети кои се во работа на Кривичен совет за одлучување (2.583), а имало и 2.616 предмети за работа од сферата на кривичните дела сторени од полнолетни лица. Само 140 предмети биле за сторители-малолетници.

Според граѓаните и адвокатите, корисници на правдата од овие два суда, најзаглавени во Граѓанскиот-Основниот суд Скопје 2 се предметите кои се однесуваат на некогашни големи фирми кои се во стечај каде вработените ја тужат фирмата за неплатени плати и придонеси, а предметите се „влечат“ низ судниците со години. Голем дел и од „тазе“ пресудите на некогашното СЈО, случајно или не, „паѓаат“ во Апелација, па предметите започнуваат од почеток. Но, многу од предметите заглавуваат и поради болест или откажување на судија, или пак на поротник. Таков е случајот со предметот „ТНТ“.

Прочитајте и...  Ветер, грмотевици и град во Словенија и Хрватска

Меѓу предметите кој за некоја година ќе навлезе во својата втора деценија е предметот „Монструм“. За овој предмет имаше првостепена пресуда, која од повисоките правни инстанци беше поништена, па предметот беше преземен од Специјалното јавно обвинителстви. Откако СЈО згасна, овој судски предмет e стар 15 години. По години заглавени во судските лавиринти, во изминатите 30 дена дојде правдата и за старите предмети како „Тенковски делови“ и „Шпион“.

Многумина од низата правосилни пресуди, посебно за оние предмети кои ги минале сите судски инстанци во земјава и странките биле осудени или оштетени, правдата ја побарале и до Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Според Годишниот извештај на оваа институција, се открива дека само во 2018 година од Македонија пристигнале 370 апликации пред судот, а во постапка останале распоредени 339 апликации. За 31 предмет судот таа година донел пресуди.

Прочитајте и...  Исповед на луѓе кои го преживеале коронавирусот: Започнува со главоболка и вртоглавица, а потоа се влошува

Во јуни лани шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која, изрази загриженост за времетраењето на постапките, управувањето со судските процеси, одложувањата на рочиштата поради отсуства на обвинетите и законските рокови кои се ризик за бегство на обвинетите.

Во ноември лани, по протестите на судската администрација, министерката за правда Рената Дескоска јавно ги повика судиите, претседателите на судовите, судските службеници и обвинителите, да протестираат против застарени предмети. Оваа порака Дескоска ја упати до шефот на скопскиот Кривичен суд, Иван Џолев, кој даде поддршка на протестот на вработените во судите.

– Видовме дека претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев дава поддршка на оние кои протестираат во неговиот суд. Лесно е да дадете поддршка на луѓе кои протестираат за средства. Многу е потешко да протестирате за морални вредности. Искрено очекувам Џолев да излезе со протест, со влијание врз неговите колеги, зошто некои судења не се закажуваат три месеци и зошто застаруваат предмети во неговиот суд. Тие прашања ги интересира јавноста – изјави Дескоска.

Прочитај повеќе

Србија: Почнува исплата на девизни заштеди на поранешните штедачи на СФРЈ

МИА Агенција

Романскиот претседател го назначи Читу за мандатор на преодната влада

Слободен печат

Путин прифати на 22 април да се гласа на референдумот за уставни измени

МИА Агенција

Стотина гости во хотел во Шпанија остануваат во изолација поради коронавирусот

Слободен печат

Детската клиника во Скопје ги забрани посетите на малите пациенти

Слободен печат

Дали демократските конкуренти и Трамп ја лоцираа „слабата точка“ на Сандерс?

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ципрас: Не можеш да бараш солидарност од ЕУ, а да не покажуваш солидарност и поддршка кон грчките острови

Слободен печат

Македонците започнаа да ги празнат продавниците (ФОТО)

Слободен печат

Сите здравствени установи во Грција ги отповикаа вработените од редовите отсуства

МИА Агенција

ССМ апелира за почитување на препораките за заштита од коронавирусот

МИА Агенција

Трет заразен со коронавирус во Хрватска: Маж кој работи во Парма е хоспитализиран во Риека

Слободен печат

Хрватски научник од СЗО: Потребна е претпазливост, но никако паника за коронавирусот

МИА Агенција