Граѓаните револтирани: Урбаното дивеење во Хром продолжува

Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров ја известува јавноста дека покрај предупредувањата и барањата од страна на граѓаните да се престане со бетонизацијата, сепак во населбата Хром продолжува урбаното дивеење и истовремено се градат 30 згради, додека пак ДУП-от СЗ 20 за Хром предвидува изградба на нови 100 згради. Ваквиот начин на работа на градоначалникот Наумоски го нарушува хуманото живеење на населението во населба Хром, при што се нарушуваат водните и електронски капацитети, кои влијаат на секојдневното функционирање на домаќинствата.

Исто така ја известуваме јавноста дека ДУП-от СЗ 24 кој се однесува на месноста Дексион во општина Ѓорче Петров, продолжува да се турка насилно од страна на градоначалникот Наумоски и советничката група на СДСМ во Ѓорче Петров, иако се планираат огромни зданија во висина од 60 метри и 17 ката кое ќе ја затвори западната порта на градот Скопје. Во однос на овој ДУП неколку пати реагиравме и ги блокиравме булеварите, со цел да дадеме до знаење на градоначалникот дека не сакаме дополнително да се гуши, на што градоначалникот не возврати со разбирање.
Имено овие згради се планирани да бидат повисоки од тие кај „Холидеј Ин“.

Претставниците на Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров остварија средба и со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој истакна дека е запознаен со случувањата во Ѓорче Петров и вети дека од блиску ќе ги следи процесите, со цел навремено да се реагира. Досега нема ефект од ветувањата на Бочварски, како и од оние на Наумоски кој продолжува со соработката со урбаната мафија во Ѓорче Петров и е цврсто решен да оди до крај со намерата Ѓорче Петров да стане бетонска општина.

Порачуваме дека доколку министерот Бочварски и градоначалникот Наумоски не се договорат и не ја прекинат оваа бетонизација на Ѓорче Петров, ќе бараме средба со премиерот Зоран Заев, на кој детално ќе му бидат објаснети причините зошто урбаната мафија не смее да продолжи со уништувањето на општината. Доколку не наидеме на слух од страна на премиерот, тогаш ќе следат секојдневни блокади и закочување на целата општина, се додека не наидеме на разбирање од страна на властите или пак случајот да добие правна разврска во полза на граѓаните на Ѓорче Петров, стои во соопштението на Иницијатива против урбаното дивеење во Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот