Граѓаните повторно ги надмудрија градските власти (ФОТО)

фото: Слободен печат

Откако на „Слободен печат“ објавивме како снаодливите граѓани на Скопје го „хакираат“ системот со кој се регулира влезот на автомобили на кејот, изгледа дека тие повторно ги надмудруваат градските власти.

Граѓаните успеваа своите автомобили да ги протнат во тесниот простор помеѓу ѕидот покрај кејот и електронскиот столб поставен од Град Скопје, за да можат да поминуваат само возилата кои имаат одобрение од нив.

фото: Слободен печат

Најнов обид за да се спречат автомобилите да поминат беше жардињерата што беше поставена помеѓу ѕидот и електронскиот столб.

Фото: Слободен печат

Но, сепак ниту таа не беше доволна за да се спречат упорните граѓани. Набргу, откако беше поставена жардињерата, таа беше и целосно превртена и тргната на страна, за несовесните возачи да можат повторно да си влегуваат со автомобилот без дозвола на кејот.

Фото: Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот