„Граѓаните“ поднесоа жалба во Лозана за одлуката на УЕФА

твитер

Сè уште актуелниот англиски шампион, поднесе жалба во спортскиот Арбитражен суд (ЦАС) во Лозана поради казната која им ја изрече УЕФА поради прекршување на финансискиот фер плеј.

„Граѓаните“ претходно месецов добија двегодишна забрана за настап во Лигата на шампионите бидејќи ги лажирале приходите од спонзорите и со тоа го прекршиле финансискиот фер плеј на УЕФА.

Според УЕФА, Манчестер сити ги „заобиколил“ правилата на УЕФА во периодот од 2012 до 2016 година.

Управата на „граѓаните“ ги негираше тие тврдења и ги ангажираа најдобрите адвокати кои во Лозана ќе се обидат да ја „урнат“ одлуката на УЕФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот