Граѓаните од Карпош на анкета ќе одлучуваат дали сакаат зонско паркирање

Откако до општина Карпош пристигале 300 барања за воведување на зонско паркирање, општината најавува анкета со цел да го земе во предвид мислењето и на останатите граѓани. Како што објаснува градоначалникот Стефан Богоев, анкетирани ќе бидат граѓаните кои живеат во Карпош 1 и 2, бидејќи жителите на овие населби имаат најголем проблем со паркирањето.

– Тоа се населби кои граничат со општина Центар, каде што паркирањето се наплатува, па одлучуваат да паркираат во Карпош, а потоа одат пеш до Центар, на работа, во парк, во зоолошка или на кафе. Затоа од следната недела во Карпош започнува анкета за регулирање на паркирањето. Јас нема самоиницијативно да воведам зонско. Ако мнозинството одлучи, ќе воведеме зона Д, што ќе значи бесплатно за три автомобили на жителите на Карпош, а сите други ќе плаќаат 25 денари час, рече Богоев.

Мнозинство гласови, како што објасни тој ќе се смета ако од повеќе од 50 проценти од анкетираните се согласат во Карпош да се воведе зонско паркирање.

Иако сличен проблем имаат и жителите кои живеат во близина на Сити Мол, никој од тој реон не покренал иницијатива да се воведе зонско во Карпош 4.

– Доколку од оваа населба се соберат потписи, ќе размислиме да воведеме зонско и во Карпош 4, рече Богоев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот