Не оставајте двоседи и вц шолји на паркинг! (ФОТО)

Во текот на празничниот викенд 24 – 26 мај, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје се соочија со зголемена појава на неправилно одлагање на отпадот во речиси сите скопски општини.

Голем број наши сограѓани се одлучиле својот кабаст отпад – стариот мебел, електронските и електричните апарати да ги одложат на јавни површини, притоа директно кршејќи го Законот за јавна чистота. Фотографиите се направени на улиците Франклин Рузвелт, Аминта Трети и Цветан Димов, во општините Центар, Карпош и Чаир.

ЈП „Комунална хигиена“- Скопје апелира до престане загадувањето на животната средина преку неправилното одлагање на отпадот.

„Ги информираме нашите сограѓани дека својот кабаст отпад секој ден во неделата, од 07 до 19 часот, може да го одложат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште. За оваа услуга не се наплатува паричен надоместок.“, соопштија од ЈП „Комунална хигиена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот