Граѓаните наскоро може да здивнат: Еве кога следи заладување

Времето до четврток ќе биде претежно стабилно и суво, освен во западните делови каде ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Како што информира УХМР, заладување се очекува од петок кога ќе има повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 8 до 17, а дневната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје слично време со температура од 15 до 35 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот