„Граѓаните“ наместо исфрлање од ЛШ, добија смешна казна од УЕФА

„Граѓаните“ се фаворити и сезонава за шампионската титула/Фото: EPA-EFE/JAMES BOARDMAN

Англискиот шампион Манчестер сити успеа да избегне тешки казни од страна на УЕФА поради незаконско договарање на трансфери на фудбалери помлади од 18 години.

Најтешките казни за ова дело се исфрлање од европските натпреварувања или забрана за трансфери во два преодни рока, „граѓаните“ на крајот поминаа со смешна казна. УЕФА одлучи да го казни Манчестер сити со смешни 314.000 фунти која челниците на англискиот шампион веднаш ја платија.

За сличен прекршок, друг англиски премиерлигаш, Челси, доби казна со забрана на ангажирање на фудбалери во два преодни рока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот