Граѓаните на оваа екс-ју земја масовно заминуваат во ЕУ

Бројот на државјани на БиХ кои од таа земја заминуваат во Европската унија е во постојан пораст, потврдуваат последните податоци на Евростат.

Тие наведуваат дека во 2018. година 53.520 граѓани на БиХ за прв пат добиле дозвола за престој во некоја од земјите членки на ЕУ.

Во 2017. година вкупниот број на дозволи за престој кои државјаните на БиХ за прв пат ги добиле во некоја од земјите од ЕУ изнесувал 26.395, додека во последните пет години прв пат дозвола за престој добиле 150.000 граѓани на Босна и Херцеговина.

Најголем број дозволи за престој на државјаните од оваа земја има издадено Германија – 16.523.

Веднаш зад Германија се наоѓа Словенија со повеќе од 15.000 издадени дозволи за престој (15.714).

На трето место е Хрватска, која минатата година на жителите на БиХ им има издадено 12.996 дозволи за престој.

Одреден број на дозволи имаат издадено и земји, како што се Италија (976), Чешка (513), Франција (337) и Белгија (171).

Државјаните на БиХ имаат добиено дозволи за престој и во Бугарија, Данска, Естонија, Ирска, Грција, Шпанија и Кипар, според Евростат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот