Граѓаните на Кочани бараат смирување на тензиите по инцидентот во населбата Трајаново Трло

Фото Миа

Граѓаните на Кочани бараат да се смират тензиите во јавноста и да се расчистат околностите што доведоа до инцидентот во населбата Трајаново Трло кој се случи во неделата вечерта.

Заеднички е ставот дека, без оглед на етничката припадност, треба да се спречи какво било насилно решавање на меѓусебните проблеми. Во допис до јавноста, жителите на населбата бараат од надлежните органи да преземат мерки против кражбите и криминалното однесување.

– Ние, жителите на населбата Трајаново Трло, која е со мултиетнички состав, како репрезент на соживотот во населбата, организиравме еко-акција во која беа исчистени две зелени површини, а поголема количина отпад беше однесена на градската депонија. За жал, по успешната акција, се соочивме со неколку кражби и разбојништва во истиот ден, а во два случаи сторителите беа фатени на лице место. Тие не познаваат ниту етничка, ниту верска припадност, а дејствуваат кога нивните бизнис интереси се загрозени. Како граѓани најостро осудуваме секаков вид насилство, без разлика од каде доаѓа. Дали некому му одговара криминалот и насилството во Кочани и уште колку немили настани се потребни за конечно институциите да излезат во наша заштита и најстрого да ги осудат насилниците и разбојниците? Треба ли да биде загубен човечки живот за конечно да добиеме правда, се истакнува во писменото известување до јавноста од жителите на Трајаново Трло.

Граѓаните се вознемирени и од двете видеоснимки што се појавија на социјалните мрежи,  на кои се гледа физички напад врз малолетник и закана со пиштол од возрасно лице, кое се претставува како негов родител.

Од полицијата потврдија дека е утврден идентитетот на заканувачот и против него ќе биде поднесена пријава, а соодветни санкции ќе има и против девет лица кои биле вклучени во насилството врз малолетникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот