Граѓаните на Алжир излегоа на улиците: „Не сакаме претседателски избори“

Фото: EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Во Алжир синоќа повторно имаше антивладини протести поради одржување на претседателските избори, што се закажани на 12 декември.

– Нема да има гласање – скандираа демонстрантите во главниот град истакнувајќи дека изборите се наменети за „регенерација на политичкиот систем”, што е на власт од прогласување на независноста на Алжир во 1962 година.

Протести имаше и во другите градови на Алжир.

Националниот комитет за ослободување на затвореници соопшти дека последните месеци приведени се 140 луѓе.

Протестите во Алжир почнаа на 22 февруари што доведоа до оставка на претседателот Абделазиз Бутефлика, бидејќи граѓаните не сакаат да се избере негов наследник, а претходно да не заминат од власт сите негови соработници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот